СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei може да ја заврши годината со испорачани 230 милиони смартфони

Huawei се очекува да испорача 230 милиони паметни телефони до крајот на годината, барем соред прогнозите на главниот извршен директор на одделот за потрошувачи на Huawei, Ричард Ју.

Потсетуваме дека во октомври, компанијата соопшти дека испорачале 200 милиони телефони, што е за 64 дена побрзо од претходната година.

Неодамна споделените податоци од Strategy Analytics укажуваат дека Huawei се приближува во однос на испораките до лидерот Samsung. Оттаму предвидуваат дека кинеските пратки може да достигнат 251 милиони единици до крајот на годината.

Добрите перформанси на Huawei продолжуваат и покрај тешкотиите со кои се соочува компанијата поради санкциите на САД. Ова во најголем дел се должи на присуството на пазарот во Кина, каде што нивниот удел значително се зголеми оваа година.

Поврзани вести

МОТ: Кризата ќе влијае на над 80 отсто од работната сила

msp-admin

Фолксваген повлекува од пазарот повеќе од 38.000 нови автомобили

msp-admin

Автомат клубовите Астра донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на болницата во Тетово

msp-admin