СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Расте бројот на новоотворени е-продавници

Македонските граѓани сѐ повеќе купуваат онлајн, но и отвораат онлајн продавници, за што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, покажува порастот на бројот на трансакции, порастот на вредноста на трансакции, како и порастот на бројот на уреди на виртуелни места на продажба.

Според податоците објавени од Народната банка , во текот на првите девет месеци од 2019 година, реализирани се вкупно 4.611.964 онлајн трансакции, наспроти 3.783.185 онлајн трансакции во истиот анализиран период во 2018 година, што претставува раст за 828.779 онлајн трансакции односно, пораст од 21,9 отсто.

Вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во текот на првите девет месеци од 2019 година, пак, изнесува 124,2 милиони евра, наспроти 99,1 милиони евра во истиот период во 2018 година. Ова, како што стои во соопштението, значи дека вредноста на онлајн трансакциите се зголемила за 25,1 милиони евра, односно за 25,3 отсто.

-Дека е-трговијата е во вистински подем говори и фактот што не само растат трансакциите и нивната вредност, туку има зголемување и кај бројот на уреди на виртуелните места на продажба, односно бројот на новоотворени е-продавници. Во моментов се активни 968 веб-страници за е-трговија. Станува збор за активни и регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки во нашата земја кои нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги во моментов. На крајот на претходната 2018 година имало 871 активни виртуелни места на продажба, што значи дека за период од девет месеци во 2019 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 127 новоотворени, или за 14 нови е-продавници месечно во просек, наведуваат од Асоцијацијата.

Оттаму оценуваат дека овие податоци покажуваат дека се движиме кон дигитална Македонија и смарт општество, а е-трговијата е неизоставен дел од едно такво општество.

Поврзани вести

ОПТИМИЗАМ ПОРАДИ НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Рекорден раст на американската берза

Влатко Зорба

„Твитер“ заинтересиран за купување на „ТикТок“

msp-admin

Pfizer на богатите земји им продаде дури 82% од вакцините

msp-admin