СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei вети 5G телефони под 150 долари до крајот на годинава

Кинескиот гигант Huawei најави 5G телефони со цена под 150 долари до крајот на 2020 година.

Од компанијата како однапред да знаат како ќе се развива пазарот на смартфони со 5G конакција, па тие смело ветија дека ќе понудат телефони со цени под 150 долари до крајот на годината, иако за почеток во Кина.

Можеме да очекуваме евтин телефон со 5G конекција, при што Huawei најверојатно ќе го користи својот оперативен систем Harmony на овие нови паметни телефони.

Иако овој оперативен систем нема ни приближно толку функции како Android, тој треба да биде доволен за телефони од среден опсег.

Како Huawei ќе успее во цена под 150 долари да вметне процесор што може да го подигне телефонот со брзина, каква што очекуваме од 5G мрежа, останува да се види, пренесува Tweaktown.

Тие или дадоа ветување кое не можат да го испорачаат, или подготвуваат нешто на Harmony OS, што ќе ни овозможи и нас да купуваме поевтини телефони со подобри перформанси.

Поврзани вести

Безос купува толку голема јахта што и треба помошна

Платите во Германија на удар на пандемија во 2020 година

Влатко Зорба

ТВИТЕР КАЗНET ОД РУСКИ СУД: 35.000 евра затоа што не избришале содржина

Влатко Зорба