СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Мерките за сузбивање на сивата економија даваат резултати

Албанија ги препознава и сака да ги искористи успешните мерки за сузбивање на сивата економија кои ги применуваме. За мерката субвенционирање на придонесите за покачување на плата на вработените, МојДДВ и МојДДВ #МојаНаграда стана збор на официјалната средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај, соопшти Министерството за финансии.

Министерката Ангеловска посочи дека најчесто учиме од најдобрите практики на другите земји и дека и ние имаме потенцијал да бидеме пример за најдобри практики на други земји во борбата против сивата економија. Таа  истакна и дека Министерството забрзано работи на акциски план и платформа за сузбивање на сивата економија, кои ќе ја адресираат сивата економија, особено во фискалниот дел.

На средбата, на која беа присутни и заменик министерката за финансии на Република Северна Македонија Ширет Елези и заменик министерката за финансии и економија на Албанија Белинда Икономи, стана збор за соработката помеѓу двете земји и за размена на искуства помеѓу министерствата за унапредување на системите за јавни финансии. Беше истакнато дека преку учење едни од други, ќе се применуваат добри практики во насока на градење подобри системи и економски развој.

Наскоро, како што стои во соопштението, ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу двете министерствата, со што ќе се официјализира соработката и размената на искуства.

На состанокот стана збор и за процесот на евроинтеграции во Република Северна Македонија и Албанија и беа разменети соодветни искуства во однос на поглавјата кои се во надлежност на двете министерства. Беше истакнато дека за двете земји членството во ЕУ е приоритет.

Инаку, во трговската размена со Албанија во континуитет бележиме суфицит, но таа значително може да се подобри, бидејќи таа учествува само еден отсто во структурата од надворешно-трговската размена на земјава.

Поврзани вести

Нова Фискална стратегија: Стапки на раст над 5% и намалување на невработеноста на 8,6% до 2026

Влатко Зорба

Атанасов: Се грижиме за земјоделците, исплатени 222 милиони денари кон 7.000 млекаропроизводители

Заев: Посветени сме на доброто управување што е основа за одржлив економски раст

Ангела Веселиновска