И покрај американскиот притисок, многу земји не ја напуштаат телекомуникациската опрема на Huawei. Самата компанија дава се од себе за да ги увери своите партнери дека нејзините технологии се безбедни.
Многу европски влади веќе соопштија дека ќе продолжат да ја користат технологијата на кинескиот производител, но побарале дополнителни безбедносни гаранции. И Huawei е подготвен да ги обезбеди.
Најголемиот снабдувач на телекомуникациска опрема во светот ја објави својата намера да постави производствени центри во Европа во рамките на проектот Made in Europe 5G, пренесува SCMP.
Сè уште нема детали за проектот, но јасно е дека станува збор за градење фабрики кои ќе произведат одредена телекомуникациска опрема за 5G мрежи.
Клиенти на оваа техника ќе бидат европски оператори.