Благодарност до медиумите и до регионалната комора во Прилеп која ни овозможи да разговараме за економските политики на целиот овој регион многу значаен за нашата земја. Држиме сериозни консултации со економските чинители или оператори во нашата земја пред се приватниот сектор заради тоа што имавме успешна соработка досега и димензионираме еден нов 4 годишен период каде очекуваме оваа соработка да расте и да биде попродуктивна заради тоа што нашата држава веќе е решени прашања во делот на стратешките определби НАТО, ЕУ, прашањата со соседите и концептот едно општество за сите, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Останува период каде треба да работиме сите заедно со заеднички сили за севкупна внатрешна трансформација на нашето општество низ поглавјата како што тоа го правеле многу земји аспиранти за членство во ЕУ и економијата, тоа се двете теми на којшто ќе имаме сериозни дебати во овој период. Денеска сме овде да разговараме за деталите за овој значаен централен регион во државата каде имаме сериозни компании кои сериозно го полнат нашиот државен буџет, даваат плати на нашиот народ и се извозно доминантни и секако ја претставуваат нашата економска структура. Деталите регионални кои ќе ги разговараме се однесуваат на административни проблеми кои можеме да ги олесниме, тргање на парафискалните давачки за кои често зборуваме со коморите и стопанствениците низ државата, но поддршката која треба да расте бидејќи сакаме коматитивност на нашето домашно производство да биде поголемо и позначајно и на крајот тоа претставува поголема примамливост за младите да останат овде и да наоѓаат полесно работни места и секако за поквалитетно платени работни места.
Сите мерки кои досега ги спроведовме беа вистинско слушање од страна на стопанствениците кои беа укажани кај нас и драго ми е што мерката за супституција со растот на платите преку супституцијата на придонесите е широко прифатена и верувам дека на пресекот на крајот на месец февруари ќе излеземе со податок за сериозно повисока просечна плата во државата. Минималните плати, покрај со синдикатите, ги утврдивме и со коморите, но истовремено и севкупните поддршки преку Фондот за иновации кои за 57 пати дава поголема поддршка од пред 3 години и ги даде првите резултати, се јавија сериозни старт-ап компании, постојните компании аплицираа во државата за да може по пат на креативност, иновативност и технолошки развој го унапредат и својот дел на продуктивноста и компетитивноста во својот дел на производство, но и преку тоа отвораат нови работни места.
Но денес сме овде да разговараме и за развојот на целиот овој регион, денес ќе ја отворам прв пат темата по повод идејното решение за автопатското поврзување на потег Велес -Прилеп -Битола, денеска е со нас идејното решение кое е изготвено зборувавме со министерот за транспорт и врски, ќе ги каже деталите, се работи за определба која што останува на државата во делот на автопатските решенија која е скоро единствена од ваков обем се работи за проект вреден над 600 милиони евра каде имајќи во предвид дека источна Македонија е автопатски решена, западна Македонија ја решаваме со патот Кичево -Охрид и знаете дека продолжува Кичево -Гостивар проширувањето и останува централниот дел на нашата држава кој не е важен само за Прилеп, важен е и за Скопје, Велес, Битола, Ресен и Охрид, а мене како струмичанец ми треба 3 ипол часа за да дојдам до Охрид, а при едни вакви решенија тоа ќе се намали на некаде 2 часа односно за мене како струмичанец е поблиску да стигнам до Егејското море, односно до Солун или до Бугарија за 4 часа, а 3 ипол часа ми е до Охрид, ова се паралелите за да знаат граѓаните колку се важни ваквите централни магистрали кои мора да ги направиме.
Државата е со сериозен финансиски капацитет и презентирани се податоците со скоро 700 километри патна мрежа развиена само во последните години, пред се рехабилитација и изградба на новите патни решенија, од локални, регионални, магистрални патишта кои ги градиме ние преку развиена инфраструктура развиваме дополнителна мотивација за поголема компетативност и поголеми апетити за вложување на самите компании за инвестирање во поголеми производствени капацитети со што претставува нешто кон што треба сите да се стремиме.
Дефинитивно уште членството во НАТО и еве на почетокот на преговорите со ЕУ ги донесоа првите економски бенефити во државата. 2019 година имаме раст на севкупните приходи во буџетот на нашата земја, повеќе од 7 отсто, а јануари го завршивме со повеќе од 7,5 отсто во споредба со јануари 2019 година, а февруари веќе тие проценти растат, тоа е благодарение на нашето домашно стопанство преку редовното плаќање на своите давачки, ги плаќа и редовно платите кон граѓаните, а со растот на платите, растат и придонесите во Фондот за пензиско и здравствено, а тоа значи дека имаме нормална и подготвена земја да влезе во подглавјата каде низ милијардите кои ги очекуваме во помош на економијата од ЕУ можеме да ги забрзаме сите наши економски заложби во државата а со тоа и да ја постигнеме конечната цел повисок економски стандард на нашиот народ.