СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат за половина до еден денар по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,46 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 69 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 58,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар по литар и ќе изнесува 47,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,425 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 33,565 денари.

Како причина за промена на малопрадажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,8 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на дизелот и на бензините за 1,41, односно за 2,68 отсто.

Поврзани вести

Оштетени штедачи: Во грабежот на Еуростандард банка постои криминална мрежа составена од лицата на раководни позиции во банката

Ангела Веселиновска

Од полноќ поевтинуваат бензините

msp-admin

По 20 дена, граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка во вредност до 30 илјади евра

Берта Китинска