СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Потврдениот кредитен рејтинг од „Стандард и Пурс“ ја акцентира и стабилноста и ликвидноста на банкарскиот систем

Во новиот Извештај на Агенцијата „Стандард и Пурс“ со кој таа го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ-“, со стабилен изглед, одделно внимание е посветено и на монетарната политика, надворешната позиција на економијата како битен сегмент при водењето политика на стабилен девизен курс, како и на состојбата во банкарскиот систем, соопшти Народната банка на РС Македонија.

-Во однос на монетaрната политика, „Стандард и Пурс“ повторно посочуваат на поголемиот простор што го има таа, во услови кога степенот на евроизација е понизок во однос на другите економии во регионот. Воедно, во извештајот се нагласуваат и мерките на Народната банка, како што е пониската задолжителна резерва за обврските на банките деноминирани во денари, што придонесува за намалување на вкупната евроизација. Во однос на надворешниот сектор, агенцијата за рејтинг за следниот период оценува умерен дефицит на тековната сметка, финансиран преку приливи од странски директни инвестиции, како дополнителна поддршка на девизните резерви, се наведува во соопштението од Народна банка.

Како и во досегашните извештаи, посебен акцент, се додава, е ставен на банкарскиот систем, со укажување на неговата стабилност, ликвидност, ниското ниво на нефункционални пласмани, како и потпирањето главно на домашните депозити за финансирање на кредитната активност. Во вакви услови, агенцијата во своите проекции за следниот период  очекува понатамошен кредитен раст, како поддршка на економската активност.

Поврзани вести

Колку нови невработени лица ќе има во САД оваа недела – очекувањата на големите банки

Stefanija Kuzmanovska

10 милиони евра грант од Еиб за Северна Македонија

msp-admin

Овој пат Кина нема да ја спасува светската економија

Stefanija Kuzmanovska