СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei ја претставува услугата „Врата до врата“ за секој модел и секој клиент низ цела С. Македонија

Согласно најавите и преземаните вонредни мерки за спречување ширење на КОВИД-19, HuaweiConsumerBusinessGroup ја претставува услугата „Врата до врата“ за сите уреди и сите клиенти на Huawei од цела Северна Македонија. Во случај корисниците да имаат потреба од каква било услуга, вообичаено обезбедена од сервисните центри на Huawei или нивните партнери, сега можат да се јават и да побараат бесплатно подигање наHuawei уредот од дадената адреса за редовен сервис, а потоа истиот да го добијат назад на дадената адреса, дезинфициран и подготвен за користење.

За резервација на некоја од услугите „Врата до врата“ корисниците можат да се јават на официјалнаталинија на Huawei – 0800 55 550, или на една од двете дополнително обезбедени линии– 02/3111-110, 078/480-242.

Huawei ги поддржува мерките за одржување на здравјето и благосостојбата на своите корисниции препорачува редовно чистење и дезинфикација на сите мобилни уреди.

Поврзани вести

ТикТок пред голема колективна тужба во Велика Британија и ЕУ

Влатко Зорба

АЕК објави резултати од мерење на квалитетот на мобилните мрежи на А1 и Македонски Телеком во Тетово и Илинден

msp-admin

Трговската размена меѓу Кина и САД скокна за 80% од почетокот на годинава

Влатко Зорба