СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Борба против навала на купувачи: Сакате да правите залихи – платете десеткратно

Ако сакате да правите залихи со средства за дезинфекција, платете повеќекратна цена.

Ова е порака од сопственик на супермаркети во Данска, кој го реши проблемот со навалата на купувачи на средства за дезинфекција на раце: првото шише можете да го купите за 40 круни (5,5 евра), но следното ќе ви го продадеме за 1.000 круни (134 евра).

На известувањето пишува: „Бидејќи резервите на средства за дезинфекцијата се мали, цената за секој купувач кој сака да купи повеќе од еден е 1.000 круни“.

Оваа порака се шири на социјалните мрежи преку личниот Фејсбук канал на данскиот сопственик на супермаркети.

Невообичаената одлука се должи на фактот дека орда на клиенти се упатија кон супермаркетите „Мени“ во Копенхаген, грабајќи лук, брашно, тоалетна хартија, средства за дезинфекција и влажни марамчиња – сценарио што го гледаме во продавниците низ целиот свет.

Сопственикот на ланецот Расмус Вејбек-Зер за „Дејли Телеграф“ изјави дека истото го сторил и со некои други производи, не само толку драстично.

„Одлучив дека разликата ќе биде драстична, така што луѓето ќе разберат. Треба да застанеме и да размислуваме: можеби еден е доволно за нас?“

Расмус додава дека на крајот никој не се осмелил да купи повеќе од едно шише.

„Силната порака лежи во цената, но мислам дека и моралната порака е силна“, истакнува тој.

Поврзани вести

Производителите на автомобили ширум светот ги исклучуваат производните линии

Влатко Зорба

Бизнис Мрежа од сега со бонитетни информации за компании од Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија

msp-admin

Трамп најави дека ќе го забрани TikTok во САД

msp-admin