СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

СОБ против кратење на платите во МО, ЦУК и ДЗС

Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), грански синдикат при ССМ, не се согласува да се намалат платите на вработените во Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

– Мерките за надминување на здравствената криза, не смеат да се прекршуваат преку грбот на работникот, преку незаконско кратење на неговата плата, во овие моменти кога има покачување на цените на сите производи, велат од СОБ во денешното соопштение.

СОБ бара веднаш да се обезбедат и поделат заштитни маски и ракавици и средства за дезинфекција за сите вработени во овие институции.

– СОБ, како грански синдикат здружен во Сојузот на Синдикатите на Македонија, неколкупати до Владата на РМ и надлежните министерства, достави предлог на итни мерки кои сметаме дека е потребно да бидат донесени од страна на Владата веднаш и без одлагање, се наведува во соопштението.

Поврзани вести

Викенд без ДДВ, една милијарда денари за поврат на граѓаните

Берта Китинска

Најбарани професии откако ќе заврши пандемијата

Stefanija Kuzmanovska

Канадските компании се приклучуваат кон светски познати брендови кои решија да не се рекламираат на „Фејсбук“