СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

АХВ за четири дена има изречени 19 мерки

Затворени се дополнителни 22 угостителски објекта во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово, а 60-ина трговци неосновано покачиле цени на производи, претежно на лимоните, констатирале инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во тек на 5155 надзори што ги спровеле од 22 до 27 месецов. По налог на инспекторите цените се вратени на претходно ниво.

Во тек на 748-те контроли што ги спровел Државниот инспекторат за труд се изречени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од Ковид 19, информира денеска на прес-конференција претседатеката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Како дел од активностите за контрола на почитувањето на мерките и активностите од Владата за спречување на коронавирусот, шесте инспекторати при Инспекцискиот совет спровеле вкупно 7637 надзори од 22-ри до 27-ми месецов.

При спроведени 367 надзори од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени 19 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедноста на храна од овластени институции, а констатирана е и работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка, при што вработените се веднаш отстранети од објектот. Дополнително се издадени и четири решенија за месарници и маркети за констатирана општа лоша хигиенска состојба во објектите поради што е наредена дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 246 инспекциски надрзои и дополнително издал 2774 дозвили за влез на професионални возачи на товарни возила во државава, а констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за зашитита од Ковид 19.

Стои и осумдесет контроли спровел Државниот инсекторат за транспорт. Констатирал дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран и намален за 90 проценти, а еден автопревозник не ги почитувал препораките за преполовување на броот на патници.

Не се откриени специфични отстапувања кај аптеките, каде Агенцијата за лекови извршила 36 надзори. Секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број лица, а цените се согласно препораките на Владата, рече Филиповска Грашкоска.

-Инспекциските служби продолжуваат да работат интензивно. Секој кој нема да ги почитува мерките ќе биде санкциониран, затоа што тие се донесени, пред се, за заштита на јавното здравје, потенцираше Филиповска Грашковска, повикувајќи на одговорност од секој поединец и правен субјект.

Поврзани вести

Невработените преведувачи и толкувачи бараат од Владата еднократна финансиска помош

Влатко Зорба

Деловен форум: Северна Македонија и Србија да достигнат размена од една милијарда долари

Влатко Зорба

Ребалансот на Буџетот пред финално усвојување

Влатко Зорба