15.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Компаниите што ќе користат помош за исплата на плати три месеци не смеат да отпуштат работници

Работодавците што ќе користат помош за исплата на плати три месеци не смеат да отпуштат работници. Ваква измена на уредбата за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување донесе Владата денеска на седница.

Уредбата дозволува да го намалат бројот на вработени, но само поради пензионирање или ако работникот си поднесе отказ, но во прецизно одреден процент.

„Се утврдува дека работодавецот што ќе користи мерка за субвенционирање исплата на придонеси од задолжителното социјално осигурување не смее да го намали бројот на вработени во април 2020 година, како и два месеца по нејзиното престанување (заклучно со август 2020 година), освен во оправдани услови дефинирани во Законот за работните односи, како пензионирање или откажување договор од страна на работникот, но не повеќе од утврдениот процент“, информираат од Владата.

Со оваа измена, како што додаваат од Владата, покрај можноста да се намали бројот на вработени со пензионирање или отказ од страна на работникот, работодавците ќе може мерката субвенција за исплата на плата да ја комбинираат и со други мерки за излез од кризата.

Поврзани вести

ДЗС: 151.972 невработени лица во IV тримесечје од 2020 година

Влатко Зорба

Агро секторот апелира за отворање акредитирана лабораторија за квалитет на семе за извоз

Влатко Зорба

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

Влатко Зорба