СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ако имате идеја за бизнис, пријавете се на онлајн акцелераторската програма

Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ објавува повик за учество на млади лица во онлајн акцелераторска програма за започнување сопствен бизнис. Целта на програмата е да овозможи поддршка на младите лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнис.

Право на учество имаат младите на возраст од 18 до 35 години,а најдобрите пет бизнис планови ќе бидат наградени со 4.000 евра за започнување на сопствен бизнис.

Програмата ќе биде реализирана во текот на април и мај, а датумите на одржување на вебинарите и онлајн менторството ќе бидат дополнително дефинирани.

Програмата содржи пет фази и тоа предакцелераторска програма, подготовка на бизнис канвас, селекција на најдобрите бизнис идеи, акцелераторска програма за изработка на бизнис план и бизнис план натпревар. Најдобрите 10 бизнис идеи ќе поминат во фазата за изработка на бизнис план, а во финалната петта фаза ќе бидат избрани најдобрите пет бизнис планови.

Сите заинтересирани потребно е да се пријават на онлајн форма . Крајниот рок за пријавување е 10 април. За подетални информации заинтересираните може да се обратат и на contact@yes.org.mk.

Акцелераторската програма е дел од проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската унија.

Поврзани вести

Вработувањето под етнички клуч не одговара на една модерна развојна економија, вели Битиќи

Берта Китинска

На берза од денеска ќе се тргува до 13 часот

Stefanija Kuzmanovska

Бектеши има поразличен став за отворањето на угостителските објекти, но ќе ја почитува одлуката на Комисијата за заразни болести