СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Не се укинува финансиската поддршка за плати

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешната прес- конференција напомена дека во новиот јавен повик можност имаат да аплицираат трговските друштва и приватните здравствени установи.

– Овој повик следи по повикот на ФИТР кој беше дел од третиот пакет, а сега е втора мерка од петтиот пакет. Трговските друштва и приватните здравствени установи ќе може да бидат дел од добивањето на грантови. Малите здравствени установи би учествувале со 30 посто од средства, а доколку се од средните со 40 проценти.Со ваквите повици се стимулираат нови иновативни решение, изјави Битиќи.

На прашањето дали дали Владата ќе продолжи со субвенционирање на плати како мерка за превенција од ковид кризата, вицепремиерот рече дека таа поддршка нема да прекине.

– Финансиска поддршка за плати никогаш не е кажано дека ќе се укине. Повторувам дека финансиска поддршка за плати ќе има. Моделот кој ќе го прифатиме ќе биде тема на дискусии и затоа веќе 10 дена комуницираме со синдикати и комори и најверојатно за брзо време ќе донесеме одлука,рече Битиќи.

Поврзани вести

Aко недела биде прогласена за неработен ден, оние кои ќе работат да земаат поголема дневница

Берта Китинска

Намалувањето на ДДВ на струјата ќе значи 28 до 29 милиони евра помалку во Буџетот

Влатко Зорба

Бислимоски: Приклучокот на природен гас на домаќинствата ќе чини до 100 евра

Влатко Зорба