СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Телекомуникациската компанија А1 Македонија денеска соопшти дека месечните сметки на корисниците отсега ќе ги доставува по електронски пат.

Согласно Уредбата донесена од Владата, како мерка за превенција од COVID -19 објавена во Службен весник бр.80/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма, сé со цел да се намали користењето на сметки во хартиена форма. На овој начин, истакнуваат од компанијата, се зголемува заштитата на јавното здравје и се поттикнува користењето на дигиталните алатки од страна на корисниците, како што се користење на електронска сметка и електронско плаќање од дома без непосреден контакт.

Сите приватни корисници на А1, кои досега не ја активирале услугата Е-сметка, ќе добијат известување преку СМС порака која ќе содржи активен линк, од каде корисниците ќе можат бесплатно да ја преземат својата месечна сметка. На деловните корисници сметките ќе им бидат испратени електронски на нивната е-мејл адреса, односно преку услугата Е-сметка.

-Со електронското доставување на месечните сметки, корисниците веднаш и навремено ќе имаат пристап до своите сметки во PDF формат, што придонесува кон зачувување на јавното здравје и превенција од COVID-19, како и зачувување на животната средина. Електронското плаќање на сметките е достапно преку официјалната страница www.a1.mk и преку апликацијата Мојот А1, каде корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки и услуги од А1, со платежна картичка и во секое време, стои во соопштението од компанијата.

Корисниците кои веќе ја активирале услугата Е–сметка ќе продолжат да ги добиваат месечните сметки на истиот начин и во истиот формат како и досега.Со приемот на електронските сметки, корисниците ги задржуваат истите права и обрски како и претходно.

Доколку корисниците сепак сакаат да продолжат да ги добиваат месечните сметки во хартиена форма, потребно е да се јават на бесплатниот број 1278, во рок од 10 дена по добивањето на СМС пораката за електронската сметка.

Поврзани вести

Здружение на оштетени штедачи: Дали Владата ќе ја санира и штетата од „пожарот” во „Еуростандард“?

Влатко Зорба

Буџетот на Министерството за економија за 2020 година ќе изнесува 591 милион денари

Влатко Зорба

Здружението на оштетени штедачи на „Еуростандард“ бара Фонд за оштетување на депозити

Влатко Зорба