СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Спасовски: Банкарскиот систем кој е најстабилен, ќе мора да носи дел од товарот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ ги коментираше  економските мерки, напоменувајќи  дека банките треба да помогнат малку повеќе без притоа да се загрози банкарскиот систем.

-Врз основа на сите анализи што се прават се носат и мерките, оттаму и првиот и вториот сет економски мерки. Во оваа ситуација секој очекува дека државата мора да покрие се и дека максимум што може да се земе од државата, мора да се земе. Напротив, секој треба го понесе товарот. Ако сите помалку сме незадоволни, ќе успееме да ја постигнеме целта…Освен компаниите има мерки и за занаетчитите. Важно е кога ќе се започне со имплементацијата, да се следат упатствата од Владата за да се искористат мерките. Како ќе се развива ситуациајта, така можеби ќе се носат нови мерки кои уште повеќе ќе помогнат во оваа ситуација.Банките мора да носат дел од товарот. Банкарскиот систем е можеби најстабилен во регионот, треба да го сочуваме таков. Но, еден чекор повеќе можат да направат, без да загрозиме било што. Важно е да помогнат, но без да се загрози банксарскиот систем. Тенка е линијата која не смееме да ја преминеме, оти без стабилен банкарски систем се става во прашање функционалнаоста на државата, рече Спасовски.

Поврзани вести

Шкријељ: Паричен надоместок за лицата што останале без работа од 11 март до 30 април

ДПИ во изминатите три дена изврши вкупно 1.366 контроли за почитување на здравствените протоколи

Берта Китинска

РКЕ: Бензините поскапуваат за 1,50, а дизелот за еден денар

Влатко Зорба