Стандард
ЕКОНОМИЈА

МФ: Државниот долг е намален за 57 милиони евра во однос на претходниот квартал

Благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година. На крајот од 2020 година државниот долг изнесува 51%, што е за 0,5 процентни поени пониско во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг изнесува 59,9% и е за 0,8 процентни поени понизокво однос на претходното тримесечје. Гледано во апсолутен износ, државниот долг е намален за 57 милиони евра во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг е намален за 89 милиони евра во однос на третото тримесечје,соопштија од Министерството за финансии.

Промената во состојбата се должи на отплатите направени во последниот квартал по основ на доспеаната еврообврзница од 2015 година, како и враќање на краткорочниот кредит кон комерцијалните банки земен на почетокот на минатата година.

Реализацијата на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал е пониска и во однос на проекциите за крајот на годината и тоа кај државниот долг е за 0,2 процентни поени пониска од очекувањата, додека кај јавниот долг за 1 процентен поен помалку.

Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека на среден рок ќе се реализира постепена буџетска консолидација, која од една страна ќе влијае врз стабилизирање на долгот, додека од друга страна нема да влијае рестриктивно врз економскиот раст. Во таа насока планирано е буџетскиот дефицит, односно негативната разлика помеѓу приходите и расходите во буџетот постепено да се намалува. Така за годинава е проектиран речисидвојно понизок дефицит во однос на минатата година од -4,9% од БДП, следната година проекцијата е -3,8%, во 2023 -3,2%, во 2024 -2,9% и во 2025 година -2%, односно под Мастришкиот критериум од -3% од БДП. Поради пандемиски предизвиканата економска криза, многу држави-членки на Европската Унија (ЕУ) го надминуваат овој критериум, што е сосема разбирливо, имајќи ја потребата од силна државна интервенција и фискален поттик за економиите.

Поврзани вести

Шапуриќ: Tутунoт ќе се откупи до 29 февруари

Берта Китинска

Јавноста ќе следи колку капитални инвестиции реализирал секој буџетски корисник

msp-admin

Пад од 9,5 проценти на индустриското производство во јули годинава

error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!