Немаме апсолутно никаков застој во реализацијата на програмите на Фонмдот за иновации и технолопки развој (ФИТР). Процесите не запираат, се работи на онлајн принцип и се функционира ефикасно и во вакви вонредни околности, изјави Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
– На дневна основа ги контактираме и ги следиме – над 300 наши корисници, поголем дел или 90 проценти се микро, мали и средни компании, одреден дел се и основни и средни училишта кои во моментот затоа што не функционираат имаат запирање на проектите. Меѓутоа во економскиот сегмент, во делот на компаниите на дневна основа комуницираме и можам да кажам дека поголем дел од компаниите ги завршуваат своите планирани активности според она што е предвидена динамика. Флексибилни сме, стои можноста секој од нив може да побара и пролонгирање, и одлагање и измени. Тоа се случува и во редовни околности на работење. Меѓутоа во моментов сме посветени, остануваме како поддршка и нема никаков застој во реализацијата на проектите кои што се веќе во тек, рече Деспотовски, одговарајќи на новинарско прашање што ќе се случува со компаниите кориснички на Фондот за иновации кои имаат проекти што се во тек и со компаниите кои периодов требаше да потпишат договор.
Во делот на повиците, рече тој, во моментов има два повика – технолошки развој скратена и редовна постапка каде се веќе завршени процесите, а потпишувањето на договори е во тек и се одвива со целосно почитување на препораките од здравствените власти. Нема застој ниту кај големиот јавен повик за стартап компаниите, кој што беше завршен непосредно пред да почне кризата, рече, за кој што фазата на предселекција ќе започне наскоро, а административната проверка е завршена.
– Сметаме дека сите овие компании и кои што имаат потпишано договори и кои што веќе аплицирале, а имавме рекордно голема бројка на апликанти во делот на стартап повикот, се оние кои утре по завршување на кризата ќе бидат двигатели на забрзаниот економски развој на државата. Анализата која ја направивме во 2019 година за перформансите на компниите која покажува дека комапниите кои што добиваат поддршка од Фондот растат во просек со приходите осум проценти, но она што исклучлително охрабрува е што растат со добивката од 70 до 72 проценти во просек. Тоа значи дека стануваат и поконкурентни и поефикасни и со право веруваме дека овие компании ќе бидат двогатели на забрзаното опоравување и раст на економијата по кризата, потенцира Деспотовски.
За најавените економски мерки како дополнување на пакетот мерки на Владата, тој додаде дека Фондот активно работи со Светска банка и тоа конкретно на две мерки и посочи дека многу брзо ќе излезат со јавен повик во однос на тие две мерки откако за нив ќе се усогласат со Владата.
-Она што останува предизвик се финансисите средства кои што треба да се обезбедат. Важно е што двете решенија се фокусираат повторно на оној семгмент од економијата за кој што ќе имаме проценка дека го има поотенцијалот забрзано да ја извади оваа држава од кризата во економијата, рече Деспотовски на прес-конференцијата на која ги презентираше избраните решенија на јавниот повик КРЕАТОН.