СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

После Messenger и WhatsApp, „Фејсбук“ има нова апликација за комуникација

„Фејсбук“ минатата година формираше специјален оддел во рамките на компанијата за развој на нови услуги и апликации. Одделот е наречен New Production Experimentar Team (NPE). Оттаму неделава претставија нова апликација, а станува збор за ново решение за комуникација наречено Tuned, пренесува порталот Manager.ba.

„Фејсбук“ веќе има две апликации за комуникација и секоја има повеќе од една милијарда корисници, а разликата помеѓу Tuned и Messenger и WhatsApp е во тоа што новата апликација е наменета исклучиво за парови и нивната приватна комуникација.

Тоа е еден вид дигитален дневник каде, освен пораки, луѓето во врска ќе можат да ги споделат своите расположенија, налепници, говорни пораки, фотографии, музика (апликацијата е поврзана со Spotify).

Оваа апликација сè уште нема да можете да ја испробате, бидејќи таа првично е достапна само за корисниците во САД и Канада, и само за сопствениците на телефони на „Епл“, но можеме да претпоставиме дека таа наскоро ќе биде достапна на „Андроид“, а веројатно и на други пазари.

Поврзани вести

Фејсбук воведува нови правила: Политичарите веќе нема да можат да објавуваат што сакаат

msp-admin

Diem – новото име на крипто валутата на Facebook

msp-admin

Руски „Телеграм“ втора најбарана апликација во САД

Влатко Зорба