СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

После Messenger и WhatsApp, „Фејсбук“ има нова апликација за комуникација

„Фејсбук“ минатата година формираше специјален оддел во рамките на компанијата за развој на нови услуги и апликации. Одделот е наречен New Production Experimentar Team (NPE). Оттаму неделава претставија нова апликација, а станува збор за ново решение за комуникација наречено Tuned, пренесува порталот Manager.ba.

„Фејсбук“ веќе има две апликации за комуникација и секоја има повеќе од една милијарда корисници, а разликата помеѓу Tuned и Messenger и WhatsApp е во тоа што новата апликација е наменета исклучиво за парови и нивната приватна комуникација.

Тоа е еден вид дигитален дневник каде, освен пораки, луѓето во врска ќе можат да ги споделат своите расположенија, налепници, говорни пораки, фотографии, музика (апликацијата е поврзана со Spotify).

Оваа апликација сè уште нема да можете да ја испробате, бидејќи таа првично е достапна само за корисниците во САД и Канада, и само за сопствениците на телефони на „Епл“, но можеме да претпоставиме дека таа наскоро ќе биде достапна на „Андроид“, а веројатно и на други пазари.

Поврзани вести

ЕУ создава „дигитален близнак“ на планетата Земја

Влатко Зорба

САД со вештачка интилигенција го автоматизираат управувањето со дроновите

Влатко Зорба

Најсовремената алатка за планирање ја поддржува најголемата 5G здравствена мрежа

Влатко Зорба