СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Најстариот милијардер има „само“ 101 година и тежи над една милијарда долари

Чанг Јун Чунг има 101 година и богатство од 1,1 милијарди долари. Поради богатството со коешто располага е 1.851 на листата на милијардери на Forbes, додека поради годините животно искуство е прв и најстар меѓу богаташите.

Инаку, Чунг е коосновач на Pacific International Lines, компанија за транспорт и логистика, отворена во 1967 година. По 51 година помината на чело на компанијата, Чанг ја отстапи претседателската фотелја на неговиот син, Тео Сионг Сенг во април 2018-та година.

Единствено тој е на листата на Forbes со над 100 години, а меѓу најстарите негови “колеги“ се и: Марсел Адамс (99 години и богатство од 1,5 милијарди долари), Алојсио Де Андраде Фариа (99 години и богатство од 1,7 милијарди долари), Џорџ Џозеф (98 години и богатство од 1,4 милијарди долари) и Чарлс Мунгер (96 години и 1,6 милијарди долари богатство).

Од другата страна, младоста на оваа листа ја предводи Кајли Џенер со 22 години и богатство од над милијарди долари.

Магазинот Forbes, согласно податоците на 18-ти март, ја финализираше листата на најбогати за оваа година. Свое место на листата се најдоа 2.095 милијардери или 58 помалку во однос на претходната година и 226 помалку само 12 дена претходно, кога иницијално беше искалкулирано нивното нето богатство. Од милијардерите, според Forbes, 51% од нив се “посиромашни“ одошто биле претходната година.

Поврзани вести

КОВИД кризата донесе нееднаков третман за компаниите од различни сектори

Влатко Зорба

Царовска: Компаниите што имаат капацитет за вложување да аплицираат за финансиска поддршка

Нашата цена е пониска за 55 отсто од цената на струјата на слободниот пазар, велат од „ЕСМ“

Берта Китинска