СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Продажбата на 5G уредите во оваа земја „цвета“

Додека во поголем дел од светот 5G мрежата уште не почнала ни со користење, некаде нејзините корисници се бројат во милиони.

Се очекува дека продажбата на 5G телефони оваа година ќе достигне 8,4 милиони уреди во Јужна Кореја, бидејќи произведувачите практично се натпреваруваат кој ќе понуди уред кој ќе поддржува 5G мрежа по подобра цена.

Проценката е дека 5G телефоните ќе сочинуваат дури 48 % од вкупниот пазар на телефони во Јужна Кореја, а минатата година нивниот удел бил 28 %.

Бројот на претплатници на 5G мрежата во оваа земја е 5,77 милиони, според официјалните државни податоци, пишува Gadgets now.

Корејските мобилни оператори во своите услуги ја воведоа 5G мрежата минатиот април.

Исто така, се очекува дека таму на пазарот оваа година ќе се појават уште 13 нови модели на телефони кои ја поддржуваат 5G мрежата.

Поврзани вести

„Грешка 502“ ги збуни корисниците на Гугл на Балканот

msp-admin

Се врати астронаутката на НАСА која беше најдолго во вселената

msp-admin

LG воведува ултра лесни лаптопи со екрани 16:10

Влатко Зорба