СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии очекува пад на економијата од околу 3,7 проценти

Министерството за финансии очекува пад на економијата од околу 3,7 проценти, за разлика од проекциите на ММФ кои предвидуваат пад од четири отсто.

Како што рече денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, проекциите секојдневно се обработуваат, се следат и оние на другите земји, особено на земјите со кои имаме тргвоска размена, како Германија, и согласно тоа, можно е да има одредени корекции во предвидувањата.

-Годишните проекции на Министерството за финансии не се се уште јавно објавени, но се во линија на проекциите на ММФ. Нешто помал е падат што ние го проектираме, околу 3,7 проценти, наспроти оној на ММФ од 4 проценти. Најголемиот удар се очекува во вториот квартал, одредена контракција во третиот квартал, значително помала од вториот и стабилизиација и позитивен економски резултат во четвртиот квартал, истакна Ангеловска.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес конференција на која ја соопшти втората бескаматна кредитна линија „КОВИД-2“ за микро, малите и средните претпријатија, министерката истакна дека наскоро ќе почне фазата на отворање на економијата.

Таа не прецизира кога точно ќе почнат со работа угостителските објекти, но се повика на неодамнешната изјава на министерот за здравство, според кој олабавувањето се очекува во мај.

-Се работи на изготвување план за реотворање на економијата, чекор по чекор, постепено, зависно за кој сектор се работи. Формиран е тим кој работи со стопанските комори, економските ресори, со Министерството за здравство и  епидемиолозите за да се краира план за постепеното отворање и кои би биле секторите кои временски етапно може да очекуваат кога да отворат и да се подготвуваат за одредени протоколи кои ќе мора да ги испочитуваат. На сите ни недостига нормалниот живот и сакаме да се врати поскоро, но здравјето е на прво место и треба многу внимателно да делуваме во оваа ситуација. Министерот за здравство кажа дека очекувањата се за мај, но дали третата недела, втората половина е рано да се каже, зашто зависи од кривата на движење на новите случаи, рече Ангеловска.

Поврзани вести

„УНИБанка“ ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

Влатко Зорба

Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините

Влатко Зорба

Бесими: Интензивно работиме на воведување на Интегрираниот информациски систем за управување со јавните финанси

Влатко Зорба