Samsung подготвува чипсет Exynos 880, а станува збор за мобилен процесор со 5G поддршка кој ќе биде алтернатива за моделите Snapdragon 765G и 768 од Qualcomm.
Страницата „Digital Chat Station“ објави неколку детали за новиот чипсет. Exynos 880 ќе има две големи јадра Cortex-A77 и шест помали јадра A55. Графичкиот процесор е Mali-Г76. Исто така, се очекува интегриран модем 5G, како и кај моделот Exynos 980.
Севкупно, Exynos 880 е во голема мерка сличен на чипсетот 980, но со малку послаб потенцијал за изведба. Од друга страна, Exynos 880 е многу блиску до моделот Snapdragon 765G, со тоа што чипот Qualcomm користи Kryo 475, заснован на постарите јадра A76 (Prime и Gold) и A55 (Silver).