СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши најави нова мерка: Ќе се кофинансираат семинари, обуки и конференции организирани во домашните хотели

Владата стартува со уште една мерка за поддршка на туризмот преку програмата КОВИД-19. Мерката се однесува на хотелиерите, а предвидува кофинансирање настани кои ќе се одржуваат кај нив: семинари, обуки и конференции. На невладините организации, здруженијата, компаниите и институциите кои ќе ги организираат ваквите настани, ќе им бидат покриени 50 отсто од трошоците.

Како што соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, за оваа мерка се проектирани 15 милиони денари или околу 250.000 евра со кои ќе се покријат над 500 настани.

Еден апликант ќе може да поднесе барање за максимум три настани. По реализација на настанот, ќе треба да достави фактура заедно со извештај и докази дека настанот се одржал.

– Стартуваме со уште една мерка за поддршка на туризмот најавена во третиот пакет мерки од владината КОВИД-19 програма. Имајќи предвид дека токму хотелиерите се најпогодени од кризата, ќе поттикнеме активности поврзани со обуки, конференции, семинари во наши хотели. Планираме покривање 60 отсто од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари по апликант, истакна Бектеши.

За спроведување на оваа мерка ќе биде објавен јавен повик.

– Целта на мерката е да им помогнеме на хотелиерите во овие услови на корона криза, напомена министерот.

Тој потсети и дека е во завршна фаза подготвувањето на платформата „Дома си е дома“ преку која ќе се реализира мерката за ваучери за летување на граѓаните кои имаат под 15.000 денари месечна плата. Платформата ќе биде оперативна до крајот на неделата. Преку неа ќе бидат испратени ваучерите до граѓаните, на меил, заедно со код. На плаформата ќе бидат објавени и понудите на сите категоризирани сместувачки капацитети во државата.

– Ваучерите ќе може да се користат од 15 јули до 15 декември. Не ги делиме по етничка основа. Листата во УЈП се формира според тоа дали граѓанинот апликант ги исполнил потребните услови. Ја добиваме листата не по етиничка основа, туку според исполнетите критериуми, потенцира Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање.

Поврзани вести

Макпетрол донираше 1.000 таблети во вредност од 6 милиони денари за ученици

Влатко Зорба

С. Македонија и Турција имаат големи можности за соработка во полето на ОИЕ

Влатко Зорба

Една од најатрактивните туристички дестинации ги ублажува мерките

Stefanija Kuzmanovska