СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Дали угостителите ќе работат и по 22 часот, Комисијата за здравство ќе одлучи

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на седница треба да ги разгледа новите протоколи според кои, угостителските објекти ќе може да работат и по 22 часот.

До Комисијата се доставени и други барања за измени во однос на угостителските објекти, меѓу кои и оној за седење максимум четири лица на маса ако се семејство. Сепак, како што напомена Бектеши, крајниот збор ќе ои има токму Комисијата и ќе се почитува нејзината одлука, односно препорака.

-Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести за работата на угостителите по 22 часот. Ние доставивме такво барање, ќе чекаме до новата седница на Владата кој е предлогот на Комсијата и ќе ги информираме засегнатите страни. Од наша страна е барано да се направат измени, но денеска Комисијата ќе го дискутира нашето барање. на крај, сепак, ќе ја почитуваме нејзината одлука и препорака. Побаравме измени и во делот – четворица гости од исто семејство, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако на пресконференција се осврна на трите пакет-мерки за поддршка на економијата.

Бектеши потсети и дека за хотелиерите пртоколот е веќе објавен, а бил усогласен со Стопанската комора минатата недела.

-Хотелиерите се помогнати и со бескаматните кредити, но треба да се има предвид дека претходната недела ја продолживме мерката за плати од 14.500 и за јуни, додека од 15 јули ќе може да се користат и ваучерите кои директно ќе ги помогнат хотелите, истакна министерот. Тој најави и дека во втората половина на август, почеток на септмеври, Владата ќе излезе со уште една мерка – за поддршка на туристичките агенции.

Поврзани вести

По вчерашното опоравување, цените на нафтата повторно паднаа

Путин: Русија и глобалната енергетска индустрија се соочуваат со силни шокови

Stefanija Kuzmanovska

Корона-кризата не го спласна интересот, се градат уште 12.902

Берта Китинска