СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ММФ: Пандемијата ќе предизвика поголема штета отколку што се очекуваше

Пандемијата на коронавирус предизвикува поширока и поголема штета на економската активност отколку што се мислеше претходно, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

ММФ објави дека глобалното производство ќе се намали за 4,9 проценти, многу повеќе од намалувањето од три проценти во април.

Опоравувањето во 2021 година исто така ќе биде послабо, со глобална прогноза за раст од 5,4 проценти за годинава во однос на 5,8 проценти засновано на априлската прогноза.

Иако многу економии започнаа повторно да се отвораат, ММФ тврди дека уникатните карактеристики на мерките за изолација и физичкото растојание негативно ќе влијаат и врз инвестициите и потрошувачката.

Напредните економии се особено тешко погодени. Американското производство се очекува да опадне за осум проценти, а тоа во еврозоната за 10,2 проценти во 2020 година, што е за повеќе од два процентни поени полошо од априлската прогноза, објави ММФ.

ММФ вели дека ќе бидат потребни повеќе политички активности од страна на владите и централните банки за поддршка на работните места и деловните субјекти за ограничување на понатамошните штети и забрзување на фазата на опоравување.

Поврзани вести

За работни ручеци со Премиерот 2.500 денари по човек, со директорите максимум 1.000 денари

Влатко Зорба

Влегување со стил: Милјардер инвестира МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ во криптовалути

Stefanija Kuzmanovska

Горивата поскапуваат за половина до еден денар по литар

Берта Китинска