СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МБА: Претставниците на нашата земја најбројни во големото финале на Европскиот квиз на парите

Според податоците коишто ги објави Европската банкарска федерација, во големото финале на Европскиот квиз на парите, во коешто покрај учениците, учествуваа и менторите, родителите и сите други заинтересирани за финансиската едукација од повеќе европски држави, најбројни беа претставниците на нашата земја, што уште еднаш потврдува дека интересот на младите кај нас за стекнување повисоки нивоа на финансиска писменост е многу голем, а во последните неколку години откако поинтензивно се преземаат активности во оваа сфера и постојано се зголемува, соопштија од Македонската банкарска асоцијација (МБА).

Од Асоцијацијата наведоа дека заради пандемијата со Ковид-19, Европската банкарска федерација одлучила финалето, што се одржа вчера, да има формат поразличен од претходните години – да биде од отворен карактер, и да се одржи онлајн, со емитување во живо на Јутјуб, преку платформата Кахут (Kahoot!).

– Учесници беа и нашиот национален победник, Едон Хамбари, второпласираниот на националниот натпревар, Андреј Шумански и низа други заинтересирани ученици од нашите основни и средни училишта, информираа од МБА, наведувајќи дека првото место го освоил претставникот на Шпанија.

Имено, заради околностите во коишто настанот се организира во текот на корона-кризата, за првпат, европското финале се спроведе само на англиски јазик.

Националниот натпревар во рамки на Европскиот квиз на парите организиран од Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука, се вбројува меѓу најмасовните настани од едукативно-натпреварувачки карактер организирани во нашата земја.

– Вложувањето во финансиската едукација и во поттикнувањето поголема финансиска инклузија претставува и вложување во стабилноста и напредокот на економијата. Македонската банка асоцијација и регулаторите на финансискиот систем во рамки на соработката со која се спроведува и Европскиот квиз на парите кај нас, и во претстојниот период ќе имаат бројни активности со коишто се има за цел уште повеќе да се поттикнат интересот за финансиската едукација и поголема финансиска инклузија, потенцираа од МБА.

Поврзани вести

Николов: Анти рударските движења ја намалија инвестициската клима и се причина поради која државата губи стотици милиони евра

УМКТАД: Очекуваме растот на светската економија да забави под два проценти оваа година, што ќе чини околу 1,0 трилиони долари

Битиќи во посета на „Лутекс“: Државта ги поддржува компаниите да инвестираат во пост-ковид периодот