СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Македонија на 90-то место во светот по извоз на цвеќе

Извозот на цвеќе минатата година во светот достигна вредност од 9,4 милијарди долари, што е за 1,8% повеќе во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија се најде на 90-то место со извоз од 56.000 долари или 30,2% повеќе во однос на 2018 година.

Во светски рамки, најголем извозник на цвеќе во 2019 година беше Холандија со удел од 48,9% или 4,6 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на цвеќе лани беа и: Колумбија (1,4 милијарди долари), Еквадор (879,8 милиони долари), Кенија (709,4 милиони долари) и Етиопија (241,3 милиони долари).

Од земјите во регионот, најмногу цвеќе извезува Бугарија со заработка од 2,2 милиони долари. Потоа следуваат: Хрватска (933.000 долари), Словенија (532.000 долари), Грција (476.000 долари) и Србија (293.000 долари).

Поврзани вести

Хуавеј објави Топ 10 трендови на дигиталната моќност

Влатко Зорба

Samsung ќе гради фабрика од 17 милијарди долари во САД

Влатко Зорба

Што носи Дигиталниот пат на свилата?

Влатко Зорба