СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои се најголеми потрошувачи на вода во земјава?

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2019 година било за 15,9% помалку во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 68,2% од вкупната испорачана вода од јавен водовод.

Во 2019 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 303.911.000 мтери кубни вода за снабдување, што е за 0,5% помалку во однос на 2018 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода е зафатено од изворски води, 64,7%, а најмалку од езера 1%.

Вкупното количество на отпадни води во 2019 година било за 0,8% помало во однос на 2018 година.

Од вкупното количество на испуштени отпадни води во 2019 година, 67,5% биле непречистени, а 32,5% пречистени отпадни води.

Поврзани вести

Инфлацијата нагло порасна во еврозоната и ЕУ

Влатко Зорба

Блокадата на Суецкиот канал чини 9,6 милијарди долари на ден!

Влатко Зорба

Голема хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС

msp-admin