СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Продажбата на автомобили во ЕУ ќе биде за 25 проценти помала оваа година

Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) предвидува дека продажбата на пазарот за автомобили во Европската унија (ЕУ) годинава ќе се намали за 25 проценти, како резултат на новиот вид коронавирус (КОВИД-19), јавува Анадолија.

ACEA, со седиште во Брисел, соопшти дека автомобилската индустрија се соочува со голема економска криза поради пандемијата.

Во соопштението се вели дека проценките за продажба на нови автомобили предвидени за оваа година во земјите на ЕУ се за 25 проценти пониски.

Минатата година во земјите на ЕУ се продадоа 12,8 милиони автомобили, а тој број се очекува да се намали за повеќе од три милиони во 2020 година, односно ќе бидат продадени 9,6 милиони автомобили.

Со економската криза предизвикана од епидемијата, новиот пазар на автомобили во ЕУ се намали за 41,5 проценти во првата половина од оваа година, се очекува ситуацијата да се опорави во наредните месеци со олеснување на рестриктивните мерки.

Исто така, беше наведено дека продажбата на автомобили ќе биде на најниско ниво од 2003 година, а имајќи го предвид придонесот на секторот за производство и вработување, се бара политичка и економска поддршка.

Поврзани вести

Милјардер бара 8 лица за лет до Месечината

Влатко Зорба

Брегу: Повеќе претприемачки и работнички можат да го зголемат БДП на Западен Балкан (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Светската популација се намалува, милијардерите стануваат се побројни

msp-admin