22.8 C
Скопје
15 септември, 2026
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Како да откриете дали некој ве „замолкнал“ на Инстаграм?

Иако не постои алатка да се одговори на прашањето дали сте „мјутнати“, сè уште е можно да откриете дали некој одлучил да престане да ги следи вашите постови.

Замолчувањето на некоја личност на Инстаграм е слично на учтиво напуштање разговор. Кога „замолнувате“ некого, нивните објавувања и приказни веќе нема да се појавуваат на вашиот „стрим“, додека лицето што ги објавило, сепак ќе може да го посети вашиот профил. Не грижете се – Инстаграм не испраќа потсетник дека некој ве „замолкнал“.

Самата апликација не нуди директен начин да проверите, но ќе може да го проверите на друг начин. Ако одредено лице претходно ги гледало вашите приказни на Инстаграм и повеќе не се појавува на списокот на гледачи, тоа значи дека тие ги „замолкнале“ вашите приказни.

Освен тоа, ако тој или таа ги коментира туѓите постови и повеќе не ги коментира вашите (а ги коментирале до неодамна), тоа значи дека можеби ве „замолкнале“.

Ако ниту еден од одговорите не ви звучи доволно добар и сè уште не сте сигурни, секогаш можете да сторите најдиректно нешто и едноставно да го прашате лицето дали одлучиле да ве „мјутнат“.

Поврзани вести

Автопилот: Што „гледа“ возилото на „Тесла“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Nvidia пушти чип за „копање“ Ethereum

Влатко Зорба

Поради сигурносна грешка на WhatsApp, вашиот број е јавно достапен

msp-admin