Стегнување на ременот беше планирано, а заради новата состојба, тој ќе биде затегнат за повеќе дупки.
Судејќи според најавите, некои дури ќе треба да прават нови дупки во ременот. Првиот човек на Дајмлер, Ола Калениус, рече дека се неопходни болни кратења, сè за да се надмине кризата предизвикана од пандемијата. Точно, реструктуирањето беше планирано пред кризата, но сега се бараат драстични мерки, рече Колениус во разговорот со претставниците на главниот синдикат IG Metall, пренесува AutoNews Europe.
Околностите сега се „далеку построги“ и затоа е потребно „драстично“ намалување на платите, што ќе биде најзначајно за вработени на високи позиции во Дајмлер и менаџери, но сигурно ќе ги почувствуваат сите, вклучително и работници на лентата. Потребно е прилагодување на платите за да се заштитат финансиите на Дајмлер и да се обезбеди инвестиција во нови технологии, рече Колениус.
Пандемијата на вирусот затвори фабрики и речиси ги затвори операциите, што го прави речиси невозможно реструктуирањето најавено минатата година. Во април, Калениус рече дека досега преземените мерки веројатно нема да бидат доволни за надминување на кризната состојба. Компанијата, исто како и групата Фолксваген и БМВ, се соочува со загуби и во вториот квартал и за тоа се потребни драстични потези.
Уште во ноември, Дајмлер најави отпуштање на најмногу 10,000 работници, што би заштедило околу 1,4 милијарди евра од трошоците за плата до 2022 година. Уште 10.000 работни места би се затвориле во вториот круг, најверојатно до 2025 година, објави „Автомобилвоч“.
Во Дајмлер рекоа дека тоа е само шпекулација.
Патем, компанијата на крајот на претходната година вработи 299.000 работници.