СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Истражување на Марс: Колку е скап овој потфат? (инфографик)

Откако во четвртокот вечерта помина импресивни скоро 472 милиони километри, роверот Pereverance на НАСА слета Црвената планета. Ова е историски момент во истражувањето на Марс, бидејќи експедицијата треба да собере геолошки примероци, а крајната цел е да ги врати на Земјата на студии. Ова би било достигнување еквивалентно на примероците собрани од Месечината за време на мисиите „Аполо“.

Од онлајн платформата „Статиста“ подетално ја разгледуваат финансиската страна на истражувањето на вселената и поточно оние на Црвената планета. Сите досегашни мисии до неа чинеа по неколку милијарди долари. Тие ги разгледуваат сите врз основа на податоците од истражувачката платформа „The Planetary society“. Според пресметките на НАСА тековната мисија ќе чини 2,7 милијарди долари, со можното трошење да се искачи на 2,9 милијарди долари.

Главниот дел од оваа сума е ракетата Saturn V, а финансирањето на нејзиното создавање изнесуваше 2,2 милијарди долари. Услугите поврзани со лансирањето чинеа 243 милиони долари. Продолжувањето на мисијата за период од 2 години ќе чини дополнителни 200 милиони долари.

Сепак, ова е далеку помала вредност од првите истражувања на Марс од 1975 година, кога овој потфат чинеше 7,1 милијарди долари.

Еве ја вредноста на другите:

Поврзани вести

Бафет со совет како да ја зголемите својата вредност: „Научете да пишувате и да зборувате јасно“

Влатко Зорба

„Луфтханза“ губи милион евра на секои два часа

Влатко Зорба

Безос го зголеми богатството за 29,9 милијарди долари за време на криза

msp-admin