СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Царовска: Компаниите што имаат капацитет за вложување да аплицираат за финансиска поддршка

Сите компании што сметаат дека имаат капацитет за вложување во своите производствени објекти, да се обратат до Министерството за економија и да аплицираат за Програмата за директна финансиска поддршка за инвестиции. Оние, пак, што ја користат мерката за минимална плата, да ги задржуваат работниците и работните места, порача денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Царовска заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски го посети производствениот објект на компанијата „Мако маркет“ каде се запозна со условите за работа на компанијата во време на пандемија, како и со сите предизвици со кои се соочува бизнис секторот во овој момент.

-„Мако маркет“ е во одлична кондиција независно од кризата. Инвестира во континуитет и се грижи за своите вработени. Не користи ниту една мерка од владините за поддршка на платите зашто има производство и дистрибуција на храна што во периодов се троши. Но, инвестира во производствени капацитети, а Владата има посебна мерка за овој тип инвеститори кои и покрај кризата, вложуваат свои финансиски средства, изјави Царовска по посетата.
Таа во оваа прилика потсети дека преку владината КОВИД-Програма досега се поддржани повеќе од 22.000 компании и 120.000 вработени со што се зачувани преку 60.000 работни места.

Поврзани вести

Aмстердам, прв град во светот што ќе го имплементира моделот „крофна“

Stefanija Kuzmanovska

Светска банка: Црна Гора во најсилна рецесија во регионот на Западен Балкан

Stefanija Kuzmanovska

Донесен петтиот пакет економски мерки вреден 160 милиони евра (ВИДЕО)

Влатко Зорба