СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Светот ја добива најголемата рекламна група

Американската компанија за онлајн трговија eBay се согласи да ја продаде својата огласна единица на норвешката компанија „Адевинта“ за 9,2 милијарди долари, со што ќе се создаде најголемата светска рекламна група, соопштија денес двете компании.

Според договорот, eBay ќе добие 2,5 милијарди американски долари во готовина и 540 милиони акции на „Адевинта“, со што норвешката компанија ќе стане најголем акционер во американската компанија со 44 проценти сопственички удел и 33,3 проценти гласачки права, објави „Ројтерс“.

– „Адевинта“ станува најголема компанија за рекламирање преку Интернет во светот, со уникатно портфолио на водечки брендови на пазарот – рече извршниот директор на тој гигант, Ролв Ерик Рајсдал.

Здружената компанија ќе биде присутна на пазарите на 20 земји, а Европа е најголемиот пазар.

Се проценува дека ќе има приход од 1,8 милијарди долари. „Адевинта“ поседува брендови како Лебонкоин, најголемата француска веб-страница за рекламирање преку Интернет, бразилските ОЛКС и уште десетици од нив ширум Европа, Америка и Северна Африка.

Поврзани вести

Амазон ќе отвори три канцеларии во Романија и ќе вработи 500 лица до крајот на 2021 година

Влатко Зорба

Црногорците инвестираат во нов вид извор на енергија

Влатко Зорба

Доми комплет – продукт од Еуролинк осигурување што ви овозможува безгрижност секој ден

msp-admin