Раководството на „Alphabet“, компанија која е сопственик на „Google“ и други сестрински компании, одлучила дека околу 200.000 нивни вработени нема да мора да доаѓаат на работа до летото 2021 година поради коронавирусот, пишува „ВолСтрит Журнал“.
Оваа информација беше потврдена од извор „добро запознат со настаните во „Alphabet“, и дека, пишува „Волстрит Журнал“, ќе се создаде притисок врз други компании од технолошката индустрија да направат нешто слично.
Многу од нив ќе ги вратат луѓето на работа „уште во јануари“, според досегашните планови.