СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Поранешната сопруга на Безос донирала 1,7 милијарди долари за добротворни цели

Поранешната сопруга на најбогатиот човек во светот, Џеф Безос – Мекензи Скот, вчера на својот блог објави дека донирала неверојатни 1,7 милијарди долари на добротворни цели во минатата година. Мекензи на блогот откри дека се откажала од презимето на нејзиниот сопруг по нивниот развод, кој и дал скоро 60 милијарди долари.

Мекензи Скот откри дека минатата година донирала 11 милијарди куни на различни здруженија кои се занимаваат со антирасизам, човекови права, климатски промени, но и здравствени организации.

Мекензи се заложи дека најголемиот дел од своето богатство ќе им го даде на сиромашните и на оние кои имаат потреба, исто како Бил и Мелинда Гејтс.

Поврзани вести

Ангеловска: Изменетите уредби се во насока на заштита на работните места

msp-admin

Огромен пад на турската лира по смената на гувернерот од страна на Ердоган

Влатко Зорба

Скоро 20 милиони луѓе во САД влегуваат во новата година како невработени (инфографик)

Влатко Зорба