СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Стоп за грабежот“: Ветинг на судиите и враќање на извршителите во судот

Неформалното здружение на граѓани „Стоп за грабежот“ денеска на прес-конференција побара повторно извршителите да се вратат во рамки на судот. На тој начин, како што велат, ќе имаме поправични судења и поправични процеси и ќе дојдеме повеќе до правда. Бараат и ветинг на судиите.

– Бараме ветинг на судиите затоа што во самата судска власт имаме криминални судии. Имаме и во Судскиот совет, кој формално постои и не ги надгледува судиите, односно не си ја работи работата. Тоа е се формално. Судиите и во Оновен 1 и Основен 2, Судскиот совет, обвинителите и Советот на обвинителите не си ја работат работата, изјави Ана Глигорова, член на „Стоп за грабежот“, коешто организираше и протестен марш од пред Министерството за правда до комплексот судови.

Горан Новаковски од здружението, пак, изјави дека пријавил 213 судии, пред се, до Американската амбасада. Бара Републилкикот судски совет да закаже јавна седница за претставката што ја доставил за работењето на судиите. Врз основа на мојата претставка, како што рече, поднесовме иницијатива за измена на Законот за судии и обвинители до Адвокатска комора и до Министерството за правда.

-Со овие претставки што ги поднесувам секаде и до Министерството за правда сакам директно да ги посочам тогашните врховни судии, „сваровски судии“, криминалци судии коишто ни носат две дијаметрално спротивни ревизии. Првата во 2011, а втората во 2013 по нарачака се сомневам од бившиот диктаторско-рекетарски режим на чело со Груевски, Мијалков, Латас, преку Филимена и Михајло Маневски. Претпоставувам таму се јавиле во Врховен суд кај Јово Вангеловски тогаш и директно ги посочувам судиите, тогашни врховни судии Киро Здравев, којшто моментално е претседател на Републички судски совет, Николче Николовски, Емилија Блажевска, Мирјана Радева Стевкова, Сафет Алиу и Џемали Саити. Врз основа на оваа претставка на која до ден денес не ми е одговорено барам јавно да се закаже седница на Републички судски совет и да се расправа по мојата претставка бидејќи сакам да биде запознаена целата јавност, рече Новаковски.

Поврзани вести

МЗЗПР предлага КОВИД-19 да биде признато како професионално заболување

Бектеши – Џанг: Развој на трговските и економските односи меѓу Кина и С. Македонија

msp-admin

Битиќи: Владата и натаму ќе ги поддржува компании што креираат работни места

Берта Китинска