СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Рамстор” најавува уште најмалку 700 нови работни места

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, денеска се обрати на настан по повод најава на нова инвестиција во рамки на компанијата „Сити Плаза”, односно зголемување на капацитетот на трговскиот центар „Рамстор” .

Станува збор за инвестиција вредна 105 милиони евра, и најава за уште 700 нови работни места.

Покрај премиерот Заев, на настанот се обратија и сопственикот Ајдован Адемовски, Озгур Торт, извршен директор на компанијата „Мигрос”, генералниот менаџер на Халк Банка Турција, Осман Арслан и амбасадор на Република Турција, Хасан Мехмет Секизчок.

„Списокот на инвестиции е навистина импресивен. Во наредниот период, односно од оваа до 2025 година зголемување на капацитетот на трговскиот центар „Рамстор” со надградба од преку 25.000 метри квадратни за нов административно деловен простор „Рамстор” и изградба на подземна гаража на 4 нивоа, проширување на продажната мрежа со 18 нови маркети, изградба на три ритеил паркови и логистички центар.„Рамстор” на Адемовски не само што ги задржа сите 1.000 вработени во услови на криза, туку во новите инвестиции најавува уште најмалку 700 нови работни места“, изјави Заев.

Плановите на компанијата не се ограничуваат само на сегментот на малопродажбата, туку се предвидува и инвестиција во фотонапонска централа (5 MW) во Кочанско.

Денеска Адемовски соопшти дека „Сити Плаза” ги откупи 100 отсто акциите на „Рамстор Бугарија” од досегашниот сопственик турската компанија „Мигрос” и со тоа стана целосен сопственик на „Рамстор Македонија”.

Сепак, „Рамстор Македонија” и „Мигрос”, која поседува 2.325 супермаркети во Турција, остануваат стратешки партнери во делот на франшиза на трговска марка „М” за балканскиот регион која ќе овозможи пристап до странски пазари каде освен „Рамстор” ќе се вклучат и останати македонски и турски производители.

Поврзани вести

Битиќи: Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената на струјата

Влатко Зорба

Ангеловска: Преку проектот „Купи куќа, купи стан“ граѓаните може да добијат и до 20.830 евра субвенција

Нема да има промени на цената на електричната енергија, потврди Бислимоски

Влатко Зорба