Додека милиони луѓе ширум светот годинава почнаа да работат од дома за прв пат, многумина со години заработуваат пари од удобноста на својот дом. Не само што нивната дневна соба ги замени работните часови во канцелариите од осум до 16 часот, туку тие исто така најдоа начин да бидат сам свој газда и да го водат бизнисот по свои услови, со тоа што се свртија огромни суми пари.
Еден од начините на кои можат да се заработат милиони е таканареченото Drop shipping, односно препродажба на ствари преку интернет. Специфичноста на таков начин на продажба е дека продавачот никогаш нема никаков контакт со производите што ги продава – тој никогаш не ги гледа, не мора да ги чува дома или да ги испраќа кај клиентите, пренесува Zimo.
Drop shipping претставува посебен трговски модел со којшто купувачот му плаќа на посредникот за посакуваниот производ, кој порачката ја проследува до производителот којшто го испорачува производот до крајниот корисник. Заработката на посредникот е разликата во цената што од една страна ја плаќа крајниот корисник и онаа што ја нуди производителот.
Продавачот никогаш не ја гледа стоката
Една од главните предности на овој модел е во тоа што посредникот во физичка форма не ги поседува производите, туку ги порачува од производителот или друг продавач. Посредникот, во drop shipping моделот, има интернет страница на којашто нуди најразлични производи што може да се порачаат. Посредникот ги нема производите на лагер, нема потреба да инвестира во магацински простор и најмногу се занимава со дигитален маркетинг.
Но, drop shipping може да биде лесна цел на онлајн измами. Еден од најважните фактори за успех на drop shipping е спроведување на квалитетно истражување. Најпрво мора да се направи истражување на пазарот за да се утврди побарувачката за одреден вид на производи. Потоа, се создава листа на производи од коишто може да се оствари заработка преку онлајн продажбата.
Заработи 20 милиони долари за неколку години
За тоа колку пари може да се заработат на тој начин пример е Габриел Белтран, со кого разговараа новинарите на BBC. Тој пристигна во Мајами од Уругвај кон средината на минатата деценија, но наместо кариерата на тапанар за која сонувал, но не успеал и живеел без приходи извесно време, тој почнал со drop shipping.
За неколку години, тој заработи дваесетина милиони долари, а денес се фали за спортски автомобили што ги купил со пари од продажба на нешта преку интернет. Постојат различни начини и методи на испорака – некои не ги сметаат таквите техники многу морални, но тие не се нелегални, додека во некои случаи работат од другата страна на законот и продаваат фалсификувани стоки или не испорачуваат нарачана и платена стока.
Габриел Белтран започнал со продажба на лажни производи поврзани со NFL, но тој за BBC изјави дека по првиот месец, кога заработил дури 50 000 долари, тој повеќе не продавал лажни производи.
Тој предупреди дека бројни вакви продавници кои “буквално крадат пари од луѓе“ се појавуваат и исчезнуваат на интернет, понекогаш дури и собираат милиони долари за кратко време, а потоа исчезнуваат без да ги доставуваат производите.