СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Проблем во работата со некои сервиси на Google

Корисниците ширум светот објавија проблеми со користење на популарни услуги на Google, Gmail, Google Drive и Google Meet. Најголем број извештаи се од Индија, делови од Соединетите држави, Австралија, Јапонија и Малезија, иако спорадични случаи се случиле и во други региони.

Некои корисници не беа во можност да се најават на своите сметки на Gmail, додека други објавија дека не им се прикажани нови мејлови и дека не можат да ги прикачуваат датотеките на пораките кога пишуваат нови. Исто така, корисниците на Google Drive не беа во можност да испраќаат нови датотеки на своите сметки во облакот. Google Meet забележа дека снимањето не работи.

Компанијата за веб-мониторинг DownDetector, објави дека првите проблеми биле забележани утрово околу 04:40 часот. Google е свесен за ситуацијата и компанијата изјави дека тие ја испитуваат причината за тоа и дека јавноста ќе биде навремено информирана.

Поврзани вести

Samsung можеби ќе пушти паметен часовник Android Wear

Влатко Зорба

Донесена одлука: Целокупната опрема на Huawei да биде отстранета до 2027 година

msp-admin

Веб-верзијата на WhatsApp веќе поддржува видео повици

Влатко Зорба