СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Од Светска банка добиваме силна поддршка во време на справување со Ковид-19

Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска присуствуваше на состанок со претседателот на Групацијата Светска банка и Холандската конституенца при Светска банка во која членува и Македонија. Покрај претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, присуствуваа и Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и за Централна Азија, Георгина Бејкер, потпретседател во ИФЦ за Европа и за Централна Азија и Кун Дејвидсе, извршен директор во Одборот на директори на Светска банка.

На средбата, како што соопшти Министерството за финансии, станало збор за поддршката на Светска банка во 13. земји од Холандската конституенца, како и за справувањето со здравствената и со економската криза предизвикана од пандемијата. Гувернерите на земјите ја потенцирале важноста на финансиската поддршка што банката ја обезбеди во изминатиот период како итен одговор на предизвиците настанати од кризата.
Министерот Бесими се осврна на досегашните три сета мерки што Владата ги презеде како итен одговор во ублажување на ефектите од пандемијата и воедно на новиот четврти сет мерки во насока на заздравување на македонската економија.

По членството на земјата во НАТО и најавата за започнување на преговорите со Европската Унија (ЕУ), како и периодот на политичка стабилност што следува, македонската Влада ќе биде фокусирана на остварување на одржлив, инклузивен раст преку продлабочување на структурните реформи во насока на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.

Од страна на претседателот Малпас и потпретседателките Бјерде и Бејкер била потврдена поддршката што меѓународната финансиска институција ќе ја обезбеди за регионот, вклучително и за Македонија, во форма на заеми и на трансфер на знаење и јакнење на капацитетите на националните институции. Воедно била потенцирана потребата од координиран пристап и партнерство со останатите финансиски институции како што се ММФ, ИФЦ, МИГА и финансиски институции од ЕУ. Исто така, беше посочено дека фокусот во наредниот период ќе биде во насока на зајакнување на развојот на човечкиот капитал, дигитализација и зголемена поддршка на приватниот сектор преку полесен пристап до финансирање.
Министерот Бесими се заблагодари за досегашната поддршка што земјава ја добива од Групацијата Светска банка, имплементирана преку четиригодишната Стратегија за соработка за 2019-2023 во чии што рамки се спроведуваат проекти од кои се очекува позитивен ефект врз економскиот раст.

Поврзани вести

Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини

Влатко Зорба

Не се плашиме од смрт од корона, туку како да преживееме: Во Италија први случаи на самоубиство заради еконопски колапс

Се враќаат летовите Скопје – Атина

Влатко Зорба