СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во недела ќе биде објавен четвртиот пакет мерки, најви Заев

Во недела, владата ќе ги објави мерките од четвртиот пакет најави премиерот Зоран Заев.

-Денеска се одржуваат последните консултации на економскиот тим министри со претставници на коморите, а за утре е закажан состанок на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со Економско социјалниот совет.Мерките се однесуваат на период до крајот на годината и дел ќе се носат преку одлуки на Владата, еден дел треба да поминат во Собранието, изјави Заев.

Премиерот најави дека е можно во декември да се разговара за следни пакети за од јануари до март, април, мај, зависно од тоа какви ќе бидат предвидувањата.

Поврзани вести

ССМ: Мерки за помош на работниците, претпријатијата и јавните служби

Уредбите за мерките од третиот сет ќе се донесат неделава

БДП се „лизна“ за 3,3% во третото тримесечје

Влатко Зорба