СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ребалансот на буџетот: Очекувана корекција во линија со очекуваните движења во економијата

Корекцијата на ребалансот на буџетот со четвртиот пакет на мерки е очекувана, и во линија со досегашните и очекуваните движења во економијата, изјави за Стандард професорот Марјан Петрески од Американ Колеџ Скопје.

-Интегриран е четвртиот сет мерки од околу 150 милиони евра, што го притиска буџетскиот дефицит нагоре, но би рекол во разумни рамки. Го поздравувам фактот дека се признава експлицитно забавувањето на извршувањето на капиталните расходи, што не е последица на пандемијата, туку на отсуството на систем за нивно планирање и извршување, и на ова прашање владата ќе треба да се наврати со големо внимание наскоро. Позитивно го ценам и фактот дека нема да се избрзува со надворешно задолжување до крајот на годината, со оглед дека една милјарда евра беше обезбедена во претходниот период и остатокот од тие средства треба да се искористи разумно, со цел прудентно управување со јавниот долг, изјави Петрески.

Министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека вториот ребаланс на буџетот е Ребаланс за спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија, за да кога кризата ќе заврши продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.

Калина В. Стојановска

Поврзани вести

Димковски: Откупени се 26 милиони 296 илјади и 424 килограми тутун со просечна цена од 220 денари за килограм

Конзорциум од три држави ги победи Кинезите на тендерот за изградба на најскапиот пат во Хрватска

Stefanija Kuzmanovska

РКЕ: Сметките за струја практично ќе останат непроменети со носење на законот

Влатко Зорба