СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За 73,7 милиони евра зголемени девизните резерви во септември

Вкупните девизни резерви, заклучно септември оваа година, изнесуваат 3.480.210.000 евра. Ова претставува зголемување од 73,7 милиони евра, во споредба со август, кога девизните резерви беа на ниво од 3.406.420.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка.

На крајот на септември лани, вкупните девизни резерви беа 3.127.500.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (76,3%), по што следуваат валутите и депозитите (13,5%) и монетарното злато (10,2%).

Хартиите од вредност на крајот на септември има салдо од 2.654.170.000 евра или 127,6 милиони евра помалку во споредба со август (2.781.780.000 евра).

Кај валутите и депозитите во септември (468.390.000 евра) има зголемување од 211,8 милиони евра во однос на крајот на август (256.530.000 евра).

Монетарното злато, што е дел од државните резерви, во септември имаше вредност од 356.530.000 евра, односно 10,4 милиони евра помалку одошто во август, кога изнесуваше 366.980.000 евра.

Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

Поврзани вести

Alphabet заработи 55,3 милијарди долари во првиот квартал од оваа година

Влатко Зорба

Шефицата на ММФ им порача на Владите ширум светот „да трошат колку што можат“

Влатко Зорба

Петров: Компаниите да ја искористат мерката за поддршка од 14.500 денари по вработен

msp-admin