СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Проширена реалност: Војската на САД изработи AR очила за кучиња

Експертите кои работат за армијата на Соединетите држави создадоа специјални очила за кучиња, откако се работи за парче опрема со елементи на проширена реалност. Тоа е помош што може да им овозможи на четириножните миленици подобро да ги заштитат своите човечки придружници.

Проектот е дел од Small Business Innovation Research програмата и станува збор за очила кои ќе им овозможат на сопствениците, пред се на војниците, да издаваат команди на кучињата дури и кога не се во нивна близина. Експертите истакнуваат дека AR работи поинаку за кучињата отколку за луѓето и ќе служи за давање знаци и команди, а не за интеракција со околината.

Прототипот вклучува очила, камера и дисплеј кој е поставен пред очите на кучето, а ротвајлерот Мејт учествувал во тестирањето на производот, што покажа одлични резултати, бидејќи успеа да толкува сè што знае преку AR очилата. Тие сè уште не се безжични, но треба да станат такви во иднина, за да можат кучињата слободно да се движат.

Очилата за воени кучиња не се ништо ново, бидејќи тие обично се носат како заштита од отровни гасови и други ризични моменти за време на вежбите. Проширената реалност досега не им била позната, а првите резултати и реакциите на обученото куче ветуваат корисна алатка за полесна комуникација со кучиња во сложени услови.

Поврзани вести

Маск лансираше уште 60 сателити во вселената: Ќе спроведува супербрз интернет од вселената

msp-admin

Руски „Телеграм“ втора најбарана апликација во САД

Влатко Зорба

Zoom енкрипција „од крај до крај“ за сите корисници

msp-admin