Од полноќ цените на бензините се намалуваат за половина денар, а на дизелот го остави со иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката, малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 59,00 денари за литар, а на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 61,00 дененар за литар.
Малопродажните цени на еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво односно изнесува 50,50 ден/лит за дизелот и 50,50 денари за литар за Екстра лесното масло за домаќинство.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг во однос на цената од пред една недела и ќе изнесува 26,754 ден/кг.