СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Роботите ќе бидат причина за затворање на 85 милиони работни места до 2025 година

Роботите ќе намалат 85 милиони работни места во средните и големи фирми во следните пет години, бидејќи пандемијата на коронавирус ги забрзува промените на пазарот на трудот и ги зголемува нееднаквостите, се вели во извештајот на Светскиот економски форум (СЕФ).

Според Ројтерс, истражувањето спроведено во 300 компании во светот покажа дека во четири од пет администрации, се забрзуваат плановите за дигитализација на работата и примена на нови технологии, што ги поништува придобивките од вработувањата постигнати од финансиската криза 2007-2008 година.

„Ковид-19 го забрзува доаѓањето на иднината на работата“, изјавил директорот на СЕФ, Садија Захиди.

За да ги задржат своите работни места, работниците ќе мора да научат нови вештини во следните пет години, бидејќи до 2025 година, работата ќе биде подеднакво поделена меѓу луѓето и машините, се наведува во студијата.

Во целина, се проценува дека создавањето работни места се забавува, а нивното затварање се забрзува, бидејќи компаниите ширум светот сè повеќе користат технологија за да извршуваат многу работи наместо луѓе.

Добрата вест е сепак дека во некои области ќе се отворат нови 97 милиони работни места и дека човекот ќе ја задржи својата компаративна предност на нивоата на управување и донесување одлуки, во областа на зелената економија, вештачката интелигенција (АИ) и др.

Поврзани вести

ММФ: Монетарната политика на С.Македонија соодветна, банкарскиот систем здрав

Влатко Зорба

С. Македонија и ОАЕ ќе потпишат договор за поттикнување и заемна заштита на инвестиции

Влатко Зорба

С. Македонија на врвот во регионот по раст на обновливи извори на енергија

Влатко Зорба